ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЦРНИОТ ДРОБ ВАЖНО Е ДА ГИ ЈАДЕТЕ СЕКОЈ ДЕН…

Д-р Вилијам го изненади светот со своите ставови за причините за најчестите болести на денешницата. Во срцето на неговото истражување и неговата последна книга „Планетопија“ е црниот дроб – орган што го штити нашето тело и го детоксицира, а ние често го „преоптоваруваме“ до исцрпеност и не му помагаме да работи во наша корист. Време е да го смениме тоа. Ова се храните кои го одржуваат здрав црниот дроб.

Јаболка
Тие обезбедуваат вода и ја поддржуваат способноста на црниот дроб да хидрира, односно да му дозволи на црниот дроб да складира вода и доколку е потребно да ја врати во крвотокот кога ќе се појави состојба на дехидрираност или синдром на нечиста крв. Овошните киселини во јаболката го поддржуваат процесот на чистење на црниот дроб. Јаболката помагаат при уништувањето на бактериите, вирусите и други габи во цревата и црниот дроб. Одлични се за растворање на жолчни камења.

Целер
Целерот го поттикнува апетитот и го подобрува варењето на храната, а тоа се должи на подобрената размена на материите во организмот. Редовната употреба на целер позитивно
влијае на прочитување на црниот дроб, го подмладува организмот и целокупната здравствена состојба.

Лук
На овој зеленчук не му треба многу време да ги исчисти токсините од црниот дроб. Активните компоненти во лукот ги активираат ензимите од црниот дроб да ги исфрлат токсините.

Лимон
Лимонот е полн со витамин Ц, што му овозможува на телото да се ослободи од токсините. Лимонот активно го намалува холестеролот во црниот дроб. Почнете го утрото со чаша вода и сок од половина цеден лимон. Ова ќе ја покрене и забрза неговата детоксикација.

Брокула и карфиол
При конзумирање на овој зеленчук количеството на глукозинолати во телото расте. Овие компоненти помагаат ензимите од црниот дроб да ги исфрлат токсините.

Куркума
Куркумата е најдобриот пријател на детоксикацијата. Нејзините медицински својства се користат уште од пред 4.000 години и тоа како боја, храна, па и во некои религиозни церемонии. Има анти-инфламаторни дејства и корисна е на различни начини, вклучувајќи и детоксикација на црниот дроб.