ЗОШТО ТРЕБА ДА КОНСУМИРАМЕ КИВИ И НА КОИ ЛУЃЕ ИМ Е ЗАБРАНЕТО!

Кивите се овошје кое е многу посебно заради својот изглед, боја и вкус, што не можете да го заборавите ако го пробате само еднаш. Сепак, кивито е особено уникатно поради неговите лековити својства и хранливите материи што ги содржи.

Кивито го зајакнува имунитетот, го регулира крвниот притисок и варењето на храната, помага во лекувањето на респираторните заболувања, главоболките и стресот. Тоа е многу вкусно и здраво, претставува вистинска ризница на витамини, особено Ц, А, Е, К и Б комплекс (тиамин, ниацин, Б6, холин), како и минерали – калиум, калциум, фосфор, магнезиум, железо

Редовното консумирање на свежи киви ја намалува количината на триглицериди во крвта за 15 проценти, а ова корисно овошје помага и во заздравување на раните, одржување на здравите коски, заби и непца и апсорпцијата на железо и позитивно влијае на дигестивниот систем бидејќи ја одржува рамнотежата помеѓу корисните и штетните бактерии.во цревата. Поради богатата содржина на витаминот Ц и овошните киселини, кивито е честа состојка во производите за нега на лице и тело. Ја заштитува кожата од сушење и ја прави нежна и мека, го регулира лачењето на маснотии, ги стеснува зголемените пори и го забавува стареењето.

  1. Го олеснува стресот и ги смирува нервите
    Кивито е идеално овошје за модерното време во кое живееме. Поради голема количина на витаминот Ц, ја ублажува нервозата и вознемиреноста. Исто така е идеално за ослободување од стресот. Неговата консумација му помага на човекот да се чувствува смирено и полесно да се соочува со проблемите и пречките. Лекарите препорачуваат консумирање на киви пред интервју за работа или важен состанок, бидејќи тоа ја намалува напнатоста.
  2. Помага при запек
    Кивито содржи многу растителни влакна кои спречуваат запек, и се препорачува како храна за здрав појадок. Може да се комбинира со други овошја, јогурт, кефир, мусли, итн.
  3. Го подобрува варењето на храната
    Кивито е многу добро за варењето, спречува гастритис и помага при гасови.
  4. Помага при слабеење и задржување на течности
    Бидејќи содржи многу вода и нема висока калориска вредност, кивито е идеално за слабеење и исфрлање на течности од организмот. Тој е важен диуретик, затоа е составен дел од исхраната на луѓето кои имаат проблеми со запек или со прекумерна тежина.
  5. Ја подобрува циркулацијата на крвта
    Витаминот Е и Омега 3 и 6 масни киселини, кои ги содржи кивито, не дозволуваат згуснување на крвта и го подобруваат здравјето на артериите. На овој начин се спречува појава на тромб и згрутчување на крвта, така што кивито е идеално за заштита од тромбоза, срцев удар и оштетување на мозокот. Влакната што се наоѓаат во кивито го намалуваат нивото на холестерол во крвта.
  6. Ги зајакнува коските
    Минералите присутни во кивито, на пр. магнезиум и калиум, ги зајакнуваат коските, забите и ноктите. Исто така, овие минерали помагаат при заздравување на коските поради фрактури и го подобруваат функционирањето на нервниот и мускулниот систем.
  7. Го зајакнува имунолошкиот систем
    Покрај витаминот Ц, голема количина на фолна киселина содржана во кивито, го зајакнува одбранбениот систем на организмот, кој нѐ штити од настинки. Двете состојки го зголемуваат производството на бели и црвени крвни клетки, како и антитела, кои штитат од вирусни заболувања.
  8. Ја подобрува состојбата на анемија
    Благодарение на витаминот Ц, кој овозможува врзување на железо, се препорачува да се консумира киви за луѓе кои страдаат од анемија.
  9. Заштитува од сончевото зрачење
    Луѓето кои се многу чувствителни на УВ зрачењето треба да консумираат киви. Киви лутеинот (кој исто така се содржи во брокулата и спанаќот) делува како заштитен филтер од штетното зрачење.

Кој не треба да консумира киви?
Луѓето кои се склони кон болести на бубрезите, како што се таложење на песок и камења, не треба да јадат киви, бидејќи тие можат да предизвикаат камења. Исто така, малите деца треба да го ограничат внесувањето на киви, но не треба целосно да се исфрли од исхраната.