Се’ започна еден понеделник, кога четворицавлегоа во лифт во Менхетен. Секој од нив го притисна копчето за својот кат, ама лифтот продолжи да се качува до врвот. Таму запре неколку секунди и потоа падна. Директно на подот од окното. Во вторник се случи истото.А, кога средата донесе уште една ваква трагедија, Њујорк највертикалниот град на светот потона во безредие и хаос. Но, каква врска имаа сите овие незгоди со мртвиот маж без прсти што го најдоа на Хај лајн. Детективите Хери Бурк и Луис Делградо почнаа трка со времето. Трка во која мораа да најдат одговори пред големото шоу закажано за петок.