ПОРАКА ОД БИВШИОТ- РЕШЕТЕ ГО ПРОБЛЕМОТ

Речиси и да нема човек на светот кој не се соочил со порака или повик од бившиот партнер по раскинувањето.

Во ваква ситуација треба самите да бидете свесни што сакате и очекувате и да процените какви компликации може да донесе вашиот одговор.

Ако сте добиле порака од поранешното момче, имате две опции:

Расчистете ги нештата



Имајте предвид дека можеби и му е здодевно и затоа ви пишал. Затоа не треба да трошите многу време за размислување што сака од вас, туку директно прашајте.

Игнорирање

Имате целосно право да ја игнорирате пораката од бившото момче, особено ако сте свесни дека тоа може да ве изнервира, повреди или на каков и да е начин да влијае врз психичкото здравје. Ако врската завршила цивилизирано, можете да се обидете да одговорите на најпријателски начин, но нема да направите грешка ако воопшто не пишете, ако не го сакате тоа.