Многу жени доживеале несреќни последици од врската со човек нарцис. Секој пат кога таквата љубов ќе заврши, треба да одвоиме време да работиме на себе. И кога имаме перспектива и подобро разбирање за минатото, учиме да си простуваме на самите себе и да продолжиме понатаму.
- Ќе станете одговорни и ќе си дадете „оставка“
Порано бевте личност која ќе се откажеше од сè за да се грижи за потребите на вашиот партнер. Иако бевте свесна за сопственото занемарување, исто така разбиравте дека личностс до вас сакала вашата цел во животот да биде неговото задоволство. Почнавте да се убедувате себеси дека на светот не му требам вие,вашите таленти и способности и моравте да попуштите за да можат водачи да бидат луѓе како вашиот партнер.
- Ќе ги изгубите пријателите и семејството
Запомнете дека нарцисите обично имаат многу малку луѓе во животот. Тие се изолирани или по сопствен избор или затоа што другите ги одбиваат. Затоа порано или подоцна тие почнуваат да бидат љубоморни ако имате поддршка и луѓе кои ве сакаат. Следното е поставување против нив, се разбира, прилично деликатно на почетокот, но крајната цел е да го имате само него.
- Тие го вадат најлошото во вас
Додека се борите да се заштитите себеси и своите принципи, полека паѓате во нивната замка. Намерата на сите нарциси е да ја уништат вашата автономија, да ве натераат да се сомневате во вашиот изглед и квалитети, полесно да ве контролираат.
- Создавате лош модел на врска
Старите навики тешко умираат. Колку подолга е врската со нарцис, толку подолго ќе ви треба да ги оттргнете кодираните техники. Ако започнете со својата следна љубов премногу брзо, не е ни чудо што ги повторувате навиките.
- Разделбата изгледа како страшен кошмар
Слобода? Што е ова? Разделбата сигурно ќе ви изгледа како пекол – не знаете што да правите, повеќе не одржувате контакт со вашите најблиски. Помислете на сè како загуба предизвикана од вашиот нарцисоиден партнер за да соберете сили да заминете.