ЗОШТО Е ВАЖЕН ВИТАМИНОТ Д?

ЗА ЗДРАВИ И ЈАКИ КОСКИ

Една од најважните улоги на витаминот Д е одржување на серумската концентрација на калциум и фосфор, преку нивна правилна апсорпција/искористување. Со ова се обезбедува нормална минерализација на коските, и раст и развој на коскеното ткиво. Недостатокот на витамин Д го менува метаболизмот на овие минерали, што предизвикува ниска минерална густина на коските и го зголемува ризикот од губитокот на коскена маса или скршеници.

ЗА ОДРЖУВАЊЕ МУСКУЛНАТА СИЛА

Слабоста на мускулите може да биде уште еден несакан ефект на ниско ниво на витамин Д, особено кај постари лица. Витамин Д значително ги подобрува перформансите на мускулите и го забрзува процесот на заздравување при разни мускулни повреди.

ЈА ПОДОБРУВА ФУНКЦИЈАТА НА МОЗОКОТ

Недостатокот на витамин Д може да го зголеми ризикот од развој на деменција, а влијае на лачењето и количината на хормонот серотонин (хормон на среќа), поврзан со расположението кај луѓето.

ГО ПОДОБРУВА ЗДРАВЈЕТО НА СРЦЕТО

Витаминот Д ја подобрува функцијата на срцето, а неговиот недостаток се поврзува со појавата на одредени срцеви заболувања.

ЗА НОРМАЛНА ФУНКЦИЈА НА ИМУНОЛОШКИ СИСТЕМ

Рецепторите за витамин Д се присутни во повеќето клетки во нашето тело, вклучувајќи ги и клетките на природниот имунолошки систем и овозможува нивнo нормално функционирање. 

АВТОИМУНИ БОЛЕСТИ

Многубројни светски истражувања кои ја потврдуваат врската помеѓу недостатокот на витамин Д и разни автоимуни болести како што се мултипла склероза, астма, Chron-ова болест и улцеративен колит.

ИЗВОРИ НА ВИТАМИН Д

Начинот на кој организмот ја добива потребната количина на овој витамин е преку изложување на сончева светлина, преку храна и со дополнителен внес (суплементи) на Витамин Д.

ХРАНА БОГАТА СО ВИТАМИН Д

– Рибино масло и масни риби (лосос, туна, сардина, харинга, скуша, пастрмка и др. масни риби)
– Млеко и млечни произиводи (путер, павлака, кашкавал, сирење, јогурт и сл.)
– Жолчка од јајце
– Црн дроб
– Печурки (шитаке, шампињони, лисичарка)