„СЕКОЈ ЧОВЕК НЕКА БИДЕ БРЗ ЗА СЛУШАЊЕ, А СПОР ЗА ЗБОРУВАЊЕ, И БАВЕН ЗА ГНЕВ”- БИБЛИСКИ СТИХОВИ

Еден од најважните аспекти на еврејското образование во минатото, било учење на Божјите зборови на памет. Историјата ни потврдува дека и христијаните низ историјата го применувале ова начело. Користејќи ги овие принципи тие се обиделе да ги втиснат Божјите зборови во срцата на младите. Од најраното детство младината била запозната со Библијата и била поучувана да гo сметаат за свет Библискиот текст. Копии на Библијата биле реткост, па според тоа им останувало нејзините драгоцени зборови да ги учат напамет – „да ја поседуваат Библијата внатре во себе“.

Еве некои Библиски стихови (или делови од стихови), кои можат лесно да се запамтат и повторуваат.

„Упатувај го детето по неговиот пат, па кога и ќе остари, нема да отстапи од него.“

„Кроткиот одговор гневот го ублажува.”

„И ете, Јас Сум со тебе; ќе те чувам каде и да тргнеш.”

„Ќе Му пеам на Господ преку целиот мој живот.”

„И секоја своја грижа фрлете ја на Него, зашто Тој се грижи за вас.”

„Не плаши се, зашто Јас сум со тебе.”

„Деца, слушајте ги вашите родители во сè, зашто тоа Му е угодно на Господа!”



„Славете Го Господа, зашто е добар.“

„И како што сакате да ви прават луѓето вам, така правете им и вие ним.”

„Јас и мојот дом ќе Му служиме на Господа.”

„Да се љубиме еден со друг, зашто љубовта е од Бога.”

„За Бога сè е можно!”

„Му благодарам на мојот Бог секогаш, кога си спомнувам за вас.”

„Тревата се суши, цветот овенува, но Словото на нашиот Бог останува довека.”

„Не оставај да те победи злото; туку победи го злото со добро!