На зборови е лесно а практично не е… Велите, јас од утре нема повеќе да се понижувам и ќе си заминам засекогаш… за жал, не го правите тоа. И вие не сте единствените. Многу луѓе се заглавени во емоционални и ментално врзани односи. Зошто не заминете? Ќе повториме: На зборови секогаш сѐ е полесно…
- Не сфаќате дека сте жртви на психолошко насилство
Физичкото насилство е лесно препознатливо, остава видливи знаци и секој човек може да ја посочи жртвата. Психолошкото вознемирување е поинакво и често пати луѓето не сфаќаат дека се злоупотребени на било кој начин. Во повеќето случаи „жртвите“ мислат дека го заслужуваат ужасниот став кон нив и не го гледаат тоа како нешто неправилно. - Социјалните стереотипи го овозможуваат насилството па дури и го сметаат за нормално
Според перцепциите на луѓето, мажот сѐ уште е доминантната фигура, и тој може да ги постави условите и да ја наметне неговата волја како посилна. Оваа искривена „патријархалност“ им наметнува на многу жени да го прифатат таквото насилно однесување за нормално. - Емоционалното насилство ја уништува самодовербата
Првиот знак дека сте емоционално потиснати е губењето на самодовербата. Жените или мажите на овој вид насилство честопати потполно ментално се „распаѓаат“и немаат моќ да започнат одново и да го средат сопствениот живот. - Насилникот знае како да заведе
Насилникот не е глупав. Кога ќе ги премине некои „граници“ и гледа дека неговата жртва е притисната во агол и може да избега, ја става „поблагата маска“ и станува „добар“. Така жртвата се смирува и престанува да се брани. Без да сфатат овие луѓе целото време се вртат во еден лош маѓепсан круг. - Тие се чувствуваат одговорни за постапките на другиот
Насилникот успева да предизвика чувство на вина кај жртвата, и послабата особа секогаш „е одговорна“ за она што се случува со неа. Додека насилникот обвинува, жртвата не гледа ништо лошо во тоа однесување. - Лажна надеж
Жртвите често мислат дека нештата следниот пат ќе бидат подобри и дека ако го истрпат понижувањето и малтретирањето, тогаш самите тие ќе станат подобри личности. За жал, оваа надеж е лажна и ниту нештата ниту пак тие самите ќе достигнат промена која ќе го подобри нивниот живот.