Еден од најтешките моменти во една врска е неверството и проблематичните ситуации помеѓу партнерите после ваков чин. Многумина сметаат дека неверството е најнепростливото предавство од најблискиот човек.
Многу парови ја прекинуваат врската по неверството, бидејќи не можат да ја „проголтаат“ болката, сомнежот и изгубената доверба.
Меѓутоа, некои, сепак, се свесни за нивната љубов и сакаат да се обидат да ја спасат и да си дадат втора шанса.
Прочитајте кои се најдобрите начини за зачувување на врската по неверството.
- Вежбајте ја вашата благодарност. Изразувајте ја, учете се секој ден како да ги вреднувате позитивните квалитети на вашиот партнер, како и вашите. Бидете благодарни за сето она што сте го направиле заедно и верувајте во него.
- Прифатете ги целосно вашите чувства. Прифатете ја лутината, навредата, беспомошноста, сè што чувствувате. Не ги потискајте, туку научете се да живеете со нив. Со текот на времете се ќе биде полесно.
- Објаснете ги вашите цели. Ако сѐ уште сакате да бидете заедно, насочете ја целата ваша енергија таму.
- Развијте подлабоко ниво на интимност. Комуницирајте, споделувајте, обидете се да ги споите вашите животи заедно.
- Работете заедно. Секојдневните активности кои се дел од животот правете ги заедно колку што е можно повеќе. Размислете и за забавни активности за повторно обединување.
- Направете ја вашата визија за иднината. Дознајте дали сѐ уште сте во иста фаза. Дали ги сакате истите или барем слични работи за вашата заедничка иднина.
- Ослободете ги вашите чувства. За да ги избегнете последиците од неверството важно е да започнете нови чекори откако целосно сте се успокоиле и сте ја прифатиле реалноста.
- Прашајте за работите што сакате и треба да ги знаете. Дознајте ја вистината целосно за да немате непријатни изненадувања во иднина.
- Прифатете ја вистината. Очекувајте да слушнете работи за кои не сте се сомневале и кои дефинитивно не сакате да ги слушнете. Контролирајте го својот гнев и најдете начин да прифатите сè што ќе слушнете.
- Заштитете се себеси. Како двојка, обидете се да заштитите од следна ваква случка.