Факт е дека жените обично се поподготвени и поотворени од мажите кога станува збор за зборување за своите чувства. Затоа се случува мажите во врска да кажат многу малку или ништо за своите желби, грижи и чувства, а тоа може да биде отежнувачка околност за нивните избранички.
Зошто мажите во врска се често „без текст“? И, како жените треба да се справат со тоа? Причината за широко распространетата машка тишина на темите на чувствителност произлегува од фактот дека мажите во социјализацијата сè уште систематски се отстранети од зборување за чувствата.
Ова се четирите златни правила во комуникацијата со партнерот кој е – „скржав на зборови“.
- Разберете зошто тој не зборува за своите чувства
Главно тоа не е затоа што не му е гајле – тој веројатно само научил поинаку.
- Бидете упорни – но не и агресивни!
Секако, не смееме да го прифатиме фактот дека „мажите се тоа што се“ и да се откажеме од сонот дека можеме отворено да разговараме со партнерот за проблемите и желбите. Значи, му треба помош за да се отвори, но без постојан притисок (на пр. “Дали ме сакаш? Дали ме сакаш? Дали ме сакаш? Дај ми повеќе зборови за да кажам дека ме сакаш!”)
- Биди пример
Треба да бидеме „говорен пример“ и да им покажеме колку разговорот може да помогне и да ослободи ако зборуваме за теми што се занимаваат со чувства. Најдобро е едноставно да зборувате еднаш за себе и за вашите сопствени желби, грижи, соништа – тие сигурно ќе забележат колку може да биде ослободувачко.
- Отстранете ги застарените мачо претпоставки
Треба да се сфати дека вистинските мажи исто така отворено зборуваат за своите чувства и се активно вклучени во врската – затоа треба да работиме на нова слика за „вистинскиот маж“. Да го замолите да се отвори, а во исто време да посакате „лошо момче“, не би функционирало. Затоа, ние жените мора да научиме дека „лошото момче“, „кул“ и „отсутно“ не се нужни атрибути на добар човек.