Анџелина Џоли го тужи поранешниот сопруг Бред Пит, овој пат обвинувајќи го за семејно насилство, објави „Сан“.
45-годишната актерка има докази за вознемирување од 57-годишниот актер.
Изданието тврди дека таа ги доставила документите до судот на 12 март и е подготвена да сведочи.
„Во минатото Анџелина тврдеше за слични работи, кои ги испитуваа властите, но според нив не се оправдани“, изјави извор близок до двајцата.
Во 2016 година, актерката го обвини Пит за физичка расправија со нивниот син Медокс по скандалот што се случи во нивниот приватен авион. Дури и тогаш, актерот негираше дека го допрел. Веројатно поради ова, Џоли поднесе барање за развод во септември истата година и оттогаш двајцата се борат за старателство над своите деца, како и за поддршка.
По 12 години заедно, 2 години брак и 6 деца (посвоени се Медокс, Пакс и Захара, а биолошки се Шајло, Нокс и Вивијан), двајцата актери се претворија во една од најсаканите ѕвездени двојки во непријатели.