Прашањето што секој си го поставува е како да поправат солено јадење и да го направат вкусно потоа.
Еден од најлесните начини да го поправите соленото јадење е да додадете малку тестенини (фиде или макарони) во него. Ако не е можно додавање тестенини, може да се додаде зеленчук.
Најдобар зеленчук што може да се додаде е компир или евентуално ориз, бидејќи апсорбира најмногу сол. Кога ќе ги додадете, солената храна треба да се вари уште десет минути заедно со нив, така што вишокот сол се апсорбира.
Кога додавате зеленчук, најдобро е компирите да ги исечете на големи парчиња, за да можете подоцна лесно да ги извадите од садот.
Пробајте!