АКО ГО КОРИСТИТЕ МЕДОТ НА ВАКОВ НАЧИН, ТОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ШТЕТЕН!

Медот се смета за една од подобрите замени за белиот шеќер. Иако е здрава храна, не треба да претерувате. Експертите за исхрана сметаат дека младите не треба да земаат повеќе од 2-3 лажички дневно.

Оние кои страдаат од дијабетес, артериосклероза, хипертензија или дебелина мора да бидат внимателни кога станува збор за внесувањето на овој сладок нектар.

Прекумерното консумирање мед може да предизвика гастритис поради киселините што ги содржи. Бидејќи многумина ставаат мед во чајот, потребно е да се земе предвид во кој момент го додаваме овој вид на засладувач. Медот не треба да се става во врела вода и тоа го знаат речиси сите. Сепак, многумина не знаат зошто е тоа така и колку чајот треба да се излади пред да се додаде мед.

Ако сте се прашувале кога треба да додадете мед во чајот, експертите го имаат одговорот. Имено, температурата на водата не смее да надмине 40 степени:

„Медот произведува диоксометил супстанција во врела вода, што е отров“, забележуваат експертите.