Еден од најсигурните начини да „проверите“ колку вашиот партнер е заљубен во вас се пораките што ви ги испраќа.
1. Ова ме потсети на тебе
Мажот нема секогаш да го каже она што го мисли затоа што понекогаш се плаши да биде директен, за да не биде повреден. Ќе каже дека нешто го потсетило на вас, а тоа автоматски може да открие дека мисли на вас, тоа само индиректно ви го кажува.
2. Можам да ти помогнам во тоа
Мажите сакаат кога можат да им помогнат на жените. Тие сакаат да се чувствуваат корисни. Ако ви понудат помош во нешто, тогаш навистина се грижат за вас.
3. Изгледаш одлично
Ако ви каже дека изгледате одлично, престанете да претерано анализирате и погодувате што всушност мисли. Тој навистина мисли дека изгледате одлично и сака да го знаете тоа.
4. Разговарав со мајка ми…
Ако го спомне името на мајка му и ви каже за што разговарал со неа, тој е или вашиот најдобар пријател или му се допаѓате. Мажите обично не споделуваат такви работи со никого, а ретко зборуваат за членовите на семејството. Ако е отворен да зборува за членовите на семејството, тогаш ја имате неговата доверба.
5. Вознемирен сум/загрижен
Ако мажот доброволно признае дека чувствува некаква емоција, а тоа не е среќа, тој е доволно заљубен во вас за да ви покаже ранливост што обично не ја открива.
6. Каде си? Што правиш?
Ви поставува прашања за тоа што правите или каде сте? Му се допаѓаш! Се додека не го прави тоа постојано – не те демн .
7. Забележав дека…
Ако ви каже дека забележал кога правите нешто, тогаш мора да знаете дека ве гледа и следи што имате навика да правите. Тој посветува сериозно внимание на тоа кои сте вие како личност.
8. Ми недостигаш
Дали ти недостига? Мажите ретко ќе го кажат тоа ако навистина не им недостигате. Ако ви каже дека му недостигате дури и да сте во таа нова неизвесна фаза, сигурно сте му го стоплиле срцето.
9. Ќе бидам тука за тебе
Ако ви каже дека ќе биде тука за вас што и да ви треба, или кога сакате да разговарате, тогаш навистина сака да биде дел од вашиот живот и нема да ве пушти така лесно.