Дознајте кои 4 работи треба да ги знаете и откриете кога се справувате со скршеното срце:
- Нашите чувства не се вечни
На почетокот, сите чувства ни изгледаат вечни. Ова се однесува на чувствата на страст, љубов, лутина, огорченост итн. Но, сите овие емотивни моменти се минливи, како и самите емоции. Кога се соочувате со болка, важно е да сфатите дека таа нема да трае вечно, дека ќе помине и дека се може да се надмине .
- Не сте зависни, можете сами
По раскинувањето на врската најмногу патиме од осаменост, размислуваме како ќе продолжиме без партнер. Како што ќе почне да минува времето, така се повеќе ќе сфаќате дека не сте зависни од него, дека сте независно суштество кое може да си го креира сам животот. Самотијата понекогаш може да биде лековита. Исто така, ќе почнете уште повеќе да ги цените односите со другите луѓе – семејството, пријателите.
- Откако еднаш сте биле во токсична врска, ќе научите да не ги повторувате погрешните избори
Откако ќе излезете од токсична врска , ќе знаете како да создадете врски во иднина. Ќе сфатите дека треба да верувате во постапки, а не во ветувања. Ако некој постојано ви ветува дека ќе се промени или ќе се однесува поинаку, нема слепо да му верувате. Станувате посилни и посвесно влегувате во нови врски.
- Ќе бидеш добро
Откако ќе го надминете вашето скршено срце , можете повторно да преживеете сè. Да изгубите некој што ве правел среќни може да биде еден од најтешките моменти во вашиот живот. Но, кога срцето заздравува, тоа станува само една животна лекција, едно искуство кое може да ве направи посилни, посвесни и подготвени да избегнете грешки во иднина.


