АКО ОБОЖАВАТЕ ТРИЛЕРИ ОВИЕ СЕ ЕДНИ ОД НАЈМРАЧНИТЕ

ЦВЕЌЕ НАД ИНФЕРНО – ИЛАРИЈА ТУТИ


Во изолирана заедница во северна Италија, пронајдено е тело на маж без облека и без очи. Опасноста демне од длабочините на мрачното загадочно минато на планините, а Тереза мора да ја открие вистината пред да ја изневери умот и телото.

ИЗВАДОК ОД „ЛУЗНА“ – ХУАН ГОМЕЗ ХУАРДО


Мојата прва грешка беше што се вљубив во неа. Втората грешка ми беше што не ја прашав како ја добила таа лузна. Лошата вест е дека наскоро ќе ја направам и третата и дека таа ќе биде многу полоша од претходните две. На десното рамо ми виси ранец што ја содржи мојата иднина и иднината на сите мои вработени, во набиени снопчиња од по сто долари.

ХИРУРГОТ – ТЕС ГЕРИТСЕН




Во овој врвен медицински трилер, Тес Геритсен соочува вистински растроен негативец со единствената жена што може да го спречи во намерата повторно да убие. Ноќе, тој тивко влегува во спалните соби на своите жртви кои немаат претстава дека наскоро ќе се разбудат во вистински кошмар.

ВРЕВА НА ДОЛНИОТ КАТ – ЛИНВУД БАРКЛИ


Пред осум месеци, Пол најде две мртви тела на задното седиште од автомобилот на својот колега. Беше нападнат, речиси убиен и оттогаш бавно закрепнуваше. Неговата сопруга прави сѐ што може, но се плаши од најлошото.

ИГРАТА НА ШЕПНУВАЧОТ- ДОНАТО КАРИЗИ

Можеш да го избегнуваш мракот. Ама не можеш да го спречиш мракот да те побара