Сакате луѓето да ве почитуваат и лесно да ве сакаат? Тогаш престанете со однесувања со кои се обидувате да им угодите на сите и по секоја цена да бидете прифатени. Кога го газите сопственото достоинство и се трудите по секоја цена да го добиете одобрувањето на сите, наместо да бидете ценети, ќе бидете занемарувани.
Почитта не се добива кога слепо се приспособувате, туку тогаш кога стоите цврсто зад себеси и ја изразувате сопствената личност и карактер со крената глава.
1. Не дозволувајте другите да ве газат
Стремежот да им угодите на сите за да бидете прифатени не ви носи љубов и почит. Напротив – со тоа им покажувате дека сте подготвени на сè за нив.
Таквото однесување прави луѓето да ве искористуваат и да ве отфрлаат кога ќе им одговара. Постој разлика меѓу тоа да бидете љубезни и учтиви и тоа да се потценувате себеси за да им угодите на другите. Со самопонижување никогаш нема да добиете вистинска почит – токму спротивното.
2. Не очекувајте луѓето да возвратат на вашата добрина
Добронамерните луѓе, кои сакаат да бидат прифатени и разбрани од сите, често завршуваат разочарани. Зошто? Затоа што даваат сè од себе, го подаруваат своето срце и очекуваат тоа да биде ценето.
Но, реалноста е поинаква – луѓето често ја злоупотребуваат вашата добрина и пожртвуваност, наместо да ве ценат. Затоа не вложувајте енергија во сите, туку во оние кои навистина ја заслужуваат.
3. Не се раздавајте безусловно
Ако постојано давате сè од себе без да очекувате ништо за возврат, голема е веројатноста да се чувствувате искористени. Често може да се каете што сте направиле добрина по секоја цена.
Не жалите затоа што сакате нешто во замена, туку затоа што чувствувате дека луѓето ја злоупотребуваат вашата добрина. Правете добро, но со мера – и само за оние кои навистина го заслужуваат тоа.4. Престанете да се прашувате зошто никој не ве почитува
Ако имате чувство дека луѓето не ве ценат, најчесто одговорот е во вашето сопствено однесување. Често мислите дека колку повеќе сте добри и услужливи, толку повеќе ќе ве сакаат и ќе ве почитуваат.
Но вистината е спротивна – повеќето луѓе ќе се искористат од вашата самооткажаност, наместо да ве ценат. Почитта се добива кога поставувате здрави граници, а не кога се жртвувате постојано за сите.
5. Не бидете „премногу добри“ во врските
Дали сте ја слушнале фразата „многу си добар/добричка“ од партнер кој ве оставил? Колку и да звучи чудно, прекумерната добрина и пожртвуваност можат да ве направат неинтересни.
Кога правите сè за партнерот очекувајќи дека тоа ќе ве направи ценети и сакани, често се случува спротивното – вашиот труд почнува да се зема здраво за готово. Наместо почит, добивате игнорирање.
Затоа, во врските – како и во животот – останете верни на себеси. Високата самодоверба и самопочит се тие што навистина ве прават вредни и почитувани.
Запомнете: Почитта не се моли и не се купува. Таа се заслужува.