Сите сме слушнале за многуте придобивки од медот – тој е вистинско богатство. Но, дали знаевте дека ако додадете малку нане во него, ќе го направите уште покорисен. Ментолот има корисен ефект врз стомачната средина и помага при дигестивни проблеми, болки, отоци и непријатност. Освен тоа, смесата ќе ви помогне и при течење на носот, кашлица и болки во грлото. Генерално, ќе ве одржува здрави многу години.
Начин на подготовка:
- Земете неколку гранчиња нане и одвојте ги листовите. Измијте ги многу добро, можеби киснете ги 10 минути. На крај распоредете ги на крпа или хартија да се исушат.
- Листовите нане ставете ги во тегла, наполнете ја до половина, а остатокот соединете го со течен мед.
- Затворете ја теглата и ставете ја до сончев прозорец. Треба да се врти секојдневно. за да може медот да има подобар вкус. Правете го ова 3 недели.
- Потоа исцедете ги листовите нане и префрлете го медот во чиста тегла. Јадете по една лажица од него секој ден за да бидете во добро здравје. Можете да го додадете во вашиот омилен чај.