АКО СТРАДАТЕ ПОРАДИ ЉУБОВ, ЗНАЈТЕ ДЕКА И ВИЕ СТЕ БЛАГОСЛОВЕНИ!

Понекогаш губењето на љубовта е благослов – важна лекција. Секоја разделба е тешка, предизвикувачка, но некои разделби се пресудни за нашата среќа. Има врати што треба да се затворат за да се отвори нова, подобра. Кога ќе разбереме кои сме и зошто се оддалечивме од некоја личност – тогаш можеме да стекнеме знаење за себе што е благослов, откритие што може да го промени вашиот живот.

Тоа е моментот кога разбирате дека сте се оддалечиле од некој кој немал ист поглед на животот како вас, од личност која не ги почитувала вашите цели. Сфаќаме дека иако можеби сме сакале некого со целото наше битие, нашата љубов не повредила, а не ни помогнала. Без разлика колку енергија, труд и време вложуваме во врската, понекогаш само треба да излеземе од неа.

Понекогаш загубата на љубовта лечи, иако на почетокот сме збунети или несигурни, подоцна сфаќаме дека тоа била најдобрата одлука за нашето срце. Сфаќаме дека и покрај скршеното срце, можеме да научиме многу важни лекции



Понекогаш губењето на љубовта е лекција. По раскинувањето, се повлекуваме од она што бевме – поединечно и со бившиот – и откриваме кои можеме да бидеме без него. Ја откриваме моќта во донесувањето сопствени одлуки. Танцуваме во нов ритам, на нова мелодија. Учиме дека љубовта не зависи од одредена личност, таква љубов живее во нас, во нашите зборови и постапки. Сфаќаме колку сме одлични, полни со потенцијал и дека ние самите можеме да бидеме величествени и да го создадеме животот од нашите соништа

Понекогаш губењето на љубовта е потсетник за тоа кои сме навистина, како можеме да одиме напред, и покрај предизвиците од минатото. Сега имате шанса да започнете од се што сте сакале. Сега знаете дека заслужувате некој кој ве сака , кој ве прави среќни и ве поддржува на вашиот пат.

Понекогаш губењето на љубовта е благослов! И покрај првичното непријатно чувство да се биде сам, ќе сфатите дека љубовта кон себе е клучна. Ќе разберете дека треба да се сакате себеси за да можете да ги сакате другите. Ќе сфатите дека се се случува со причина и дека сте токму онаму каде што треба да бидете.