Германскиот филозоф ја следи и ја развива филозофијата на Емануел Кант, осврнувајќи се на начинот на кој ги доживуваме работите во животот. Неговата метафизичка теорија е основана на неговите влијателни дела за психологијата, естетиката, етиката и политиката.
Неговото најпознато дело е “Светот како волја и концепт”.
Ви претставуваме неколку цитати од Шопенхауер!
“Вистинското пријателство е една од оние работи кои, како и големите морски чудовишта, се непозната фикција или некаде навистина постојат”.
“Единствениот човек кој не може без жени е гинеколог”.
“Да се ожениш – значи да ги преполовиш своите права и да ги дуплираш твоите обврски„.
“За секој од нас е достапна следната утеха: смртта е исто толку природна како и животот, а таму, што ќе биде – ќе видиме”.
“Од гледна точка на младоста животот е бескрајна иднина; од гледна точка на староста – многу кратко минато.”
“Кој не ја сака осаменоста – не му се допаѓа ни слободата”.
“Љубовта е најголемиот изум на животот”.
“Не е ни чудо, што збунетоста и тагата се почеток на филозофијата”.
“Нема поголема утеха во староста од свеста за тоа дека си успеал целата сила на младоста да ја искористиш во креации кои не стареат.”
“Сочувството е основа на моралот”.
“Животот и соништата се страници од една иста книга”.