БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ СО НИВ! ОВА СЕ НАЈЉУБОМОРНИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КАЈ МАЖИТЕ

Љубомората во умерени количини дури може да биде корисна во врската. Но, како и сè, мора да биде во соодветните граници. Прекумерната љубомора може да создаде проблеми меѓу партнерите, па дури и да доведе до прекин на врската. А еве кои се најљубоморните мажи, според нивниот хороскопски знак:

Лав
Нема што да се крие, Лавот лудо знае да сака себеси но и партнерката, понекогаш дури и неговата љубов доаѓа малку повеќе од што треба. Кај него страста е неконтролирана, што понекогаш може да има спротивен ефект. Лавот секогаш сака неговата партнерка да биде посветена само на него, па љубомората е нормална за него. Често, сепак, ги преминува сите граници и тоа може да доведе до прекин на врската.

Бик
Иако Биковите изгледаат многу смирени и урамнотежени луѓе, ако нешто не се случи како што тој замисли – експлодира. Може да полуди од љубомора ако забележи дури и безопасен флерт. И иако во вообичаената форма е мирен човек, тој не може да го контролира својот гнев кога е во прашање љубомората.

Рак
Раковите ја сакаат семејната хармонија и нема ништо поважно за нив од љубовта. Тие, исто така, се држат за безбедност и стабилност бидејќи не можат да живеат во сомнеж. Мажот Рак ќе направи се за да биде целосно убеден дека неговата партнерка е верна. Лошата работа е што доста често прибегнуваат кон крајности, па дури и можат да ја следат жената до себе за да се уверат дека таа им е верна.