БОЈА НА ОБЛЕКА СПОРЕД ДЕНОТ ВО НЕДЕЛАТА: КОЈА БОЈА НОСИ СРЕЌА ВО ВТОРНИК, А КОЈА ЗА ВИКЕНД?

понеделник

Првиот ден од неделата е заштитен од Месечината, па ако сакате успехот да ве придружува во сите ваши напори, носете работи во светли, неутрални нијанси – бледо жолта, крем, сребрена, млечно бела.

вторник

Вторник припаѓа на четвртата планета на Сончевиот систем – Марс. Познато е дека Марс има црвеникава површина, па затоа правило е во вторник да носите облека во кафена и црвени нијанси, но и розови работи.

среда

Меркур долго време се смета за планета на науката, па затоа сите видови на образование и обука или курсеви најдобро се организираат во среда. За да учите подобро, носете зелена, жолта и црвена облека.

четврток



Со четврток владее Јупитер, што значи дека во четврток се носи сина, виолетова и индиго облека. Дополнително, вреди да се напомене дека четврток се смета за особено поволен ден за започнување нов бизнис.

петок

Најжешката планета во Сончевиот систем – Венера, владее со петтиот ден во неделата. Во петок најдобро е да се даде предност на нештата и облеката во сребрена, сина, тиркизна, розова и црвена боја.

сабота

Заборавете на светлите бои, во сабота најдобро е да носите темни и пригушени нијанси како темно сина, темно сива и секако, црна. Саботата е поврзана со Сатурн, а Сатурн е најтешката и најбавната планета која не сака неред од бои.

недела

Неделата е поврзана со Сонцето. Во недела изберете облека и модни додатоци во светли бои – златна, портокалова и жолта.