ЧЕСТИТЕ ОРГАЗМИ ГО ТРЕНИРААТ МОЗОКОТ

Луѓето кои имаат чести оргазми го тренираат мозокот. Научниците докажаа дека во овој прекрасен момент не само што си придаваат задоволство, туку придонесуваат и за подобра активност на мозокот, пишува The Times of India.

Всушност, позитивниот ефект врз мозокот за време на оргазам е подобар од решавање на загатки или судоку, на пр.

Професорот Бери Комисарук е убеден дека интелектуалната обука ја зголемува активноста на мозокот, но само во одредени области. Додека оргазмот има општ ефект. Исто така го блокира чувството на болка.

Тајната лежи во тоа што за време на оргазам се зголемува протокот на крв во мозокот. А заедно со крвта во мозокот влегуваат сите важни хранливи материи и кислород.

Од оваа гледна точка, оргазмот претставува прекрасен начин да се заштитиме од невродегенеративни болести, убеден е професорот.