- Некои луѓе мислат дека сум несреќна, но тоа не е вистина. Сакам само тишина во свет кој постојано зборува.
Ова е мислата на актерот Кијану Ривс, еден од најпопуларните интроверти. Живееме во свет во кој секој има мислење за се. Повеќето луѓе веруваат дека луѓето кои гласно зборуваат или постојано се смешкаат се среќни, додека луѓето кои се мирни и уживаат во сопственото друштво се гледаат како тажни и несреќни. Се разбира, таа мисла е сосема погрешна. - Тивките луѓе имаат најгласни умови.
Тоа го кажа Стивен Хокинг, еден од најбрилијантните теоретски физичари во историјата. Тој беше интроверт, но поседуваше и еден од најгласните и најпознатите умови на сите времиња. Интровертноста е всушност талент, подарок бидејќи повеќето интроверти се способни да нурнат длабоко во сопствените мисли. - Некои луѓе не разбираат дека седењето дома, во сопствената куќа, сам и во мир, јадењето грицки и грижата за сопствената работа е бесценето.
Горенаведената реченица е изјава на Том Харди, светски познатиот британски актер, и навистина нема ништо лошо во тоа, нели? - Тивките луѓе всушност можат да бидат многу зборливи кога се покрај вистинските луѓе.
Повеќето луѓе мислат дека интровертите се постојано тивки, но грешат. Тие можат да станат екстремно зборливи ако се во друштво на вистинските луѓе – луѓе кои им се блиски и со кои споделуваат интереси. - Мразам кога луѓето ме прашуваат: „Зошто си толку тивок?“ Затоа што јас сум. Така функционирам. Не те прашувам: „Зошто си толку гласен? Зошто зборуваш толку многу?“ Тоа би било грубо.
Интровертите се тивки затоа што едноставно се такви, но комуникацијата со нив секако не е невозможна. - Да се биде сам е тајната на иновативноста. Идеите се раѓаат кога сме сами.
Така зборуваше Никола Тесла , еден од најголемите инженери и пронаоѓачи на сите времиња. Само навистина извонреден и длабок ум е способен за такви големи идеи и потфати како оние што ги нанижал заедно за време на неговиот живот.
ЦИТАТИ ЗА ИНТРОВЕРТНИТЕ ТИПОВИ
