Цитронот е непроценлив за нашиот имунитет и е незаменлив за губењето вишок килограми. Затоа не би требало да го избегнувате ниту поради неговиот горчлив вкус бидејќи резултатот што го остава зад себе е благ како шеќер.
Со сета магија што ја носи со себе, тешко е да се поверува дека цитронот некогаш бил забрането овошје. Се смета дека цитронот настанал со вкрстување на портокал и помела.
Освен што е мало богатство од витамин Ц, цитронот изобилува и со други микронутрициенси. Во црвените цитрони има големи количества на ликопен, моќен антиоксиданс, за кој се тврди дека поседува и антиканцерогени својства. Оваа особина на ликопенот била најчесто испитувана кога станува збор за рак на простатата кај мажите.
Цитроните изобилуваат и со флавоноидот нарингенин. Овој флавоноид се поврзува со репарација на оштетените ДНК молекули и со функцијата на црниот дроб. Истражувачите сметаат дека нарингенинот го стимулира црниот дроб наместо да ги складира, да ги троши и исфрла мастите. Затоа во секоја втора диета, цитроните се главната намирница. Сепак токму овој флавоноид го прави цитронот непогоден за консумација кај лица кои примаат лекови против покачен холестерол.
Практичен факт: Наједноставно е цитронот да се преполови и да се консумира со лажица. Лупењето како портокал е далеку посложено.
Цитроните се и одличен извор на витаминот А кој е чувар на видот. Во само 130 грами сок од цитрон има една третина од дневните потреби за овој витамин. Во комбинација со една лажичка мед, цитронот може да стане одличен утрински горко-сладок витамински стартер.
Хомеопатски лек за разбивање на жолчни камења: Комбинацијата од цитрон и маслиново масло, иако не е научно докажано, во хомеопатските кругови важи за одличен прочистувач на хепарот и жолчните патишта и се користи за ослободување од камења во жочката. Сепак ова прочистување не се препорачува без претходна консултација со соодветно лице.
Кога ќе почуствувате дека сте под стрес, помирисајте цитрон и ќе ви биде подобро. Ова го тврдат научници кои во болницата во Охајо ги тестирале ефектите на различни видови есенцијални масла. Тестирањето било спроведено на медицинскиот персонал, односно во просторијата на медицинските сестри биле распрскувани различни видови есенцијални масла. Оние кои работат на онкологија, често страдаат од стрес, исцрпеност и слабост поради сочуствувањето со тешко болните пациенти.
За време на ова истражување, забележан е значителен пад на тензијата во просторијата. Едно од тестираните масла било она од цитрон и научниците приметиле дека тоа ревитализира, освежува и го подигнува нивото на енергијата и среќата. Научниците исто така тврдат дека ист ефект има и самото овошје, па следен пат кога ќе осетите дека сте преплавени од стрес, вдишете го освежителниот мирис на ова цитрусно овошје.