ДАЛИ Е НОРМАЛНО ДА ФАНТАЗИРТЕ ЗА НЕКОЈ ДРУГ ЗА ВРЕМЕ НА СЕКС?

Да, нормално е. Голем број жени и уште поголем број мажи фантазираат за друг/а додека имаат секс. Тоа е здрав начин да ја зголемите страста и не е показател дека не го сакате вашиот партнер.

Но, не треба да дозволите фантазијата да ви попречи да се поврзете вистински со партнерот. Ако секогаш кога имате секс мора да мислите на некој друг за да се возбудите, тогаш имате проблем којшто не треба да го игнорирате. За да го пребродите тој проблем, за време на секс концентрирајте се на партнерот и имајте односи во пози кои ќе ви овозможат да одржите контакт очи в очи.