Секако дека ДА ако се држите до препорачаните количини. Здравствените придобивки се следниве:
Пивото е извор на витамини од групата Б
Пивото содржи неколку витамини од Б комплексот (Б1, Б6, Б2, Б12). Витаминот Б1 е познат како „антистрес“ кој го штити имунитетот. Витаминот Б2 делува како антиоксиданс и може да спречи предвремено стареење и развој на срцеви заболувања.
Витаминот Б6 помага во производството на серотонин, мелатонин и норадреналин, кои влијаат на несоницата. Витаминот Б12 е особено важен за здравјето на црвените крвни клетки и нервните клетки и за создавање на добро расположение.
Оние кои конзумираат пиво имаат 30% повеќе витамини од групата Б од оние кои не пијат пиво.