„Газираната вода има незначително влијание врз хидратацијата на телото во споредба со обичната вода“, вели професорот, кој е еден од авторите на студијата од 2016 година во која се споредуваат ефектите на различните пијалоци врз човечкото тело.
Сепак, диететичарот и нутриционист Џен Бум вели дека газираната вода може да биде одличен избор за секој кој не е љубител на обична вода.
Претпочитам луѓето да хидратираат со пијалоци во кои уживаат отколку да не пијат доволно течности во текот на денот“, изјави таа за BuzzFeed.
За жал, кога се во прашање забите, стоматологот Сериса Монкај има лоши вести.
„Кога пиете газирана вода, хемиската реакција во устата го претвора јаглеродниот диоксид во јаглеродна киселина, која ја кородира забната глеѓ“, објаснува тој.