ДАЛИ ИМАТЕ БРОЈ 5 НА ДАТУМ НА РАЃАЊЕ – ДОЗНАЈТЕ ШТО ЗНАЧИ

Нумеролозите истакнуваат дека датумот на раѓање е особено важен за толкувањето на судбината, бидејќи од него се пресметува личен број , а секоја цифра има посебно значење. Според нумеролошката интерпретација, еве што значи ако некој го има бројот 5 на датумот на раѓање:

Овие луѓе инвестираат се за да си ја зачуваат слободата без да изгубат ништо. И сите ваши способности се насочени кон постигнување на овој специфичен резултат. Во одреден момент од вашиот живот, мора да сфатите дека ако сакате да успеете, треба да бидете проактивни и да и верувате на вашата интуиција. Еден од вашите водичи е таа внатрешна сила што ја поседувате и ја ограничувате ако сакате да им угодите на другите и покрај фактот што тоа е во спротивност со вашите желби, амбиции и соништа.

Луѓето кои имаат 5 на датумот на раѓање, најчесто избираат слободни и креативни работни места. Со други зборови, на Петица не и треба строга работа од девет до пет со пауза за ручек, туку онаа која дава флексибилност да работат кога сакаат и да ја искористат својата креативност максимално. Можеби ќе се обидат да влезат во рутина и да работат во канцеларија, но потоа ќе го променат тоа бидејќи тоа не е во согласност со нивната природа. Овие луѓе се најдобри во самостојниот бизнис и слободните професии во кои го избираат темпото на работа, а најчесто своето хоби го претвораат во бизнис. Успешни се во продажбата, а како авантуристи уживаат во бизнисот со патувањето.

Многу е важно да најдете партнер кој има слични интереси и погледи кон животот како и тие. Вие по природа сте камен што се тркала. Секогаш треба да бидете во движење, па некој што не го разбира тоа и не може да следи сè, наскоро ќе биде исфрлен од вашиот живот. Вашиот животен пат е брз, динамичен, а потребна ви е личност која може да го следи вашиот чекор по тој пат, да ви биде поддршка и да ве држи за рака и покрај промените и ризиците.

Флексибилноста е вашата силна страна . Кога животот ќе ве отфрли, лесно можете да се прилагодите на новите околности и да најдете возбуда во неочекуваната промена. Оваа способност ви дава моќ да искористите важни можности и да привлечете финансии. Имате среќа со пари, особено поради вашата снаодливост, оптимизам и флексибилност.

Предностите на луѓето кои го имаат бројот 5 во датумот на раѓање : флексибилни, авантуристички, прилагодливи, социјални, енергични, забавни, интелигентни, независни.

Недостатоци на лицата кои го имаат бројот 5 на датумот на раѓање: несигурни, без насока, непостојани.