Првите моменти кога почнуваме да чувствуваме подлабока конекција со некој, влилјаат на нас на прекрасни начини. Воодушевени сме, постојано мечтаеме за нашиот партнер, почнуваме да чувствуваме возбуда за следната средба и доживуваме целосен бран на енергија и благосостојба.
Но, да не ги заборавиме и физичките ефекти. Новите парови едноставно не можат да се одделат. Постои интензивен сексуален нагон, особено на почетокот, што ги одржува нововљубените партнери да се „враќаат за повеќе“.
Всушност, научниците велат дека кога некој е вљубен се активираат истите региони на мозокот како кај зависник од дрога.
Студиите навистина покажаа дека чувствата што ги доживува лице гледајќи во фотографијата на својот партнер се слични со оние што ги доживува зависникот кога консумира дрога.
Но, вљубеноста прави многу повеќе од тоа што ја активира сексуалноста на една личност.
Студија спроведена од Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд истражувала дали „аналгезијата предизвикана од љубов“ е вистина и како се обработува во мозокот.
Во студијата биле вклучени 15 учесници кои биле во првите девет месеци од нова романтична врска.
Секој учесник бил подложен на умерена или висока термичка болка, а од нив било побарано да ги направат овие работи: да погледнат фотографии од својот парнер, фотографии од атрактивен познаник или да играат асоцијација со зборови.
Користејќи функционална магнетна резонанца, истражувачите утврдиле кои делови од мозокот на учесниците биле активирани при секоја од трите заначи.
Од трите задачи, кога гледале фотографии од саканата личност, учесниците пријавиле дека добиваат значително намалување на чувството на болка.
Како љубовта ја намалува болката
Гледањето фотографии од саканата личност, сепак, го активирала системот за обработка на чувството на „награда“, вклучувајќи ја мозочната жлезда амигдала и хипоталамусот кој има централна неуроендокрина функција во организмот. Во исто време, научниците откриле дека има намалена активност во регионите на мозокот за обработка на болка. Овие резултати покажуваат дека љубовта и расеаноста ја намалуваат болката.
„Со тестот за одвлекување на вниманието, патеките на мозокот што доведуваат до ублажување на болката беа претежно когниивни… поврзани со повисоки, кортикални делови на мозокот“, вели д-р Џеред Јунгер, еден од авторите на студијата.
„Аналгезијата предизвикана од чувството на љубов е многу повеќе поврзана со центарот за „награда“, активирајќи длабоки структури кои можат да ја блокираат болката, слично како опоидните аналгетици“, вели тој.
Ваквите истражувања можеби ќе им помогнат на научниците да најдат алтернативни, нефармаколошки начини за ублажување на болката.