Во едно мало гратче има двајца бербери. Дуќанот на едниот од нив е секогаш среден. Подот и прозорците секогаш се совршено исчистени, а наоколу мириса убаво. Берберот секогаш е насмеан, носи убава кошула, чевлите му се светнати и има убава и уредна фризура. Дуќанот на другиот бербер е несреден. Мириса лошо, а подот и прозорците не се чисти. Лошо е потстрижан, му се наоѓаат остатоци од храна на облеката и постојано е нерасположен.
Човек кој патува во нивното гратче сака да биде потстрижан. Знаејќи го угледот на двајцата бербери, решава да оди кај вториот, кој е неуреден и чија берберница е нечиста и несредена. Зошто?
ОДГОВОР:
Во градот има само двајца бербери, што значи тие мора да се потстрижуваат еден со друг. Ако едниот е секогаш добро потстрижан, а другиот не е, значи дека едниот од нив не е добар бербер, па оттука јасно е како патникот го направил својот избор.