ДАЛИ ПОВОЗРАСНИТЕ ЖЕНИ СЕ ПОДОБРИ ЉУБОВНИЦИ?

Сексологот и автор на многу книги, Трејси Кокс, тврди дека жените се подобри љубовници колку што стареат, и дека на мажите не им е грижа за возраста, она што ги привлекува е изгледот.

Кокс заклучува дека жените стануваат подобри љубовници со возраста затоа што точно знаат што прават, а тоа може да се припише на искуството. Лесно ја преземаат главната улога, не брзаат, гласно кажуваат што сакаат, самоуверени се и не им е непријатно да даваат упатства.

За време на истражувањето, група од 20 анкетирани мажи избрале фотографија на жена во четириесеттите години, наведувајќи дека им е најпривлечна, иако меѓу фотографиите имало и слики на многу помлади жени. Затоа, ако имате 40 години и сте без партнер – не паничете, пожелни сте!