ДАЛИ САКАТЕ ДА СЕ ЗБОГАТИТЕ? – СОВЕТИ НА ВОРЕН БАФЕТ

Ворен Бафет е меѓу најбогатите луѓе во светот. И на возрасни години не се откажува од трупање пари, туку уште поумешно успева да го направи тоа. Ако сте размислувале како да ги зголемите вашите финансии, можеби треба да ги слушате советите на докажана личност како Ворен.

  1. Добро размислете пред да земете заем

Ворен советува да земете заем само како последно средство. „Сум видел дека многу луѓе тонат поради алкохол и заеми“. Ако размислите за тоа, во повеќето ситуации можете да добиете се без долгови. Ако сте паметни, ќе соберете пари без да позајмувате“, сподели тајкунот во интервју во 1991 година.

  1. Заштедете паметно

Бафет вика дека за да инвестираш, мора да си штедел. „Не штедете го тоа што останало откако ќе се потрошите. Потрошете го она што останува по она што е одвоено“. Бизнисменот додава и дека не треба да се потпираме само на еден извор на приход.

  1. Инвестирајте во работи што ги разбирате

Финансиски советници многу. Но, вистината е дека треба да знаете каде одат вашите пари и како ќе се размножуваат. Ако сакате да инвестирате, проверете дали сте ја завршиле домашната задача и сте ги истражувале компаниите чии акции ќе ги купувате или пазарите на кои ќе тргувате.

  1. Научете нови работи

Ворен верува дека инвестирањето во само-развој е најважната и најисплатлива инвестиција. „Најдобрата инвестиција што можете да ја направите е во вашите сопствени вештини. Сè што правите за да се развивате себеси или вашиот бизнис ќе биде продуктивно“, тврди тој.

  1. Не живејте плата до плата

Ова е популарен начин на живот за многумина. Но, според бизнисменот, тоа никогаш нема да еволуира во профит и збогатување. Ако човек размислува како да врзе крај со крај само за да ги покрие основните дневни трошоци, нема да може да ги надмине границите и да биде мотивиран да се бори за нешто повеќе.