Експертот за спиење Мар де Карло верува дека има неколку придобивки од спиењето во чорапи во текот на зимата. Тие можат да им помогнат на луѓето да заспијат побрзо и да спијат подолго поради вазодилатација, односно процесот на проширување на крвните садови. Одредени студии дошле до заклучок дека носењето чорапи додека спиете го зголемува протокот на крв и циркулацијата во долните екстремитети.
Неговата студија покажала дека оние кои носеле чорапи во текот на ноќта заспале околу 7,5 минути побрзо, спиеле 32 минути подолго и се разбудиле 7,5 пати помалку во текот на ноќта од оние кои спиеле боси.
Пониските температури на телото се поврзани со поспаност, а доказите сугерираат дека користењето чорапи или други методи за загревање на стапалата може да ја намали телесната температура и да ни помогне да заспиеме побрзо.