Дали сте слушнале за миење на косата со брашно? Овој најнов тренд звучи малку необично, нели?
Скробот од брашно ги топи маснотиите од скалпот и косата. Покрај тоа, некои брашно – како што се брашно од ‘рж или наут – ја хранат косата бидејќи содржат витамин Б5, цинк и железо. Овие хранливи материи исто така ја зајакнуваат косата. Ако се одлучите за овој третман, избегнувајте брашно што содржат многу глутен (на пример, пченица ), бидејќи ќе се залепи за косата.
И тоа не е се: според бројните сведоштва на блогери од Интернет, косата после миење со брашно доби поголем волумен и стана помека. Бидејќи брашното е pH неутрално, не го иритира чувствителниот скалп и помага против првут и проблематична кожа.
Како да ја измиете косата со брашно?
Миењето на косата со суво брашно звучи како невозможна мисија, но всушност е прилично едноставно.
• Измешајте чаша вода со четири лажици брашно и мешајте додека не се формира кремаста паста.
• Оставете ја смесата на косата најмалку пет, но не подолго од 10 минути
• На крајот, добро исплакнете ја косата со обичен шампон.