Иако многумина ја сметаат порнографијата само како збир порнографски филмови, видеа или слично, желбата да се гледа порнографија кажува многу за сексуалниот идентитет на една личност.
Зависноста од порнографија се развива поради чувството на задоволство и уживање што се јавува за време на или по гледање порнографска содржина. Сепак, како и секоја зависност, во позадина постои едноставен преглед на човечката психа. Самиот поим за зависност од порнографска содржина не е медицински потврден и не се третира официјално, но се смета дека секое претерување укажува на специфичен психолошки проблем.
Еве неколку симптоми на зависност од порно:
· Силна желба да се консумираат порнографски содржини
· Однесување насочено кон пребарување порнографска содржина
· Неможност да се запре конзумирањето на ваква содржина
· Губење на сексуалната желба во реалниот живот
· Чувство на возбуда исклучиво со порнографска содржина
· Губење на чувството за привлечност кон други луѓе
· Криење на порнографските материјали од партнерот/партнерката
· Физичка болка на гениталиите
· Чувство на лутина и беспомошност поради постојаната желба за порнографија