Сигурно барем еднаш сте слушнале или прочитале дека гениталиите на жената можат да се „прошират“ и да се релаксираат, „олабават“ од многу секс. Сепак, гинекологот вели дека тоа воопшто не е точно, па можете без грижи да уживате во гужвањето на постелнината!
„Освен ако не правите некои необични активности во кревет, тоа апсолутно не е точно“, вели гинекологот Алиса Двек.
Докторот објаснува дека има многу нерви во вагината и има голем проток на крв, што ја прави неверојатно еластична. Сето ова значи дека женските гениталии можат да се прошират моментално, но не и трајно.
Кога жената е возбудена, вагината природно се навлажнува и се шири, но по целосниот однос се враќа во првобитната состојба.
Сепак, таа додава дека по првите неколку сексуални односи вагиналниот отвор ќе биде малку поголем, но и тогаш всушност не се зголемил, туку така изгледа бидејќи претходно бил покриен со хименот.
Докторот посочува дека има само едно нешто што може малку да го прошири отворот на вагината, а тоа е очекувано – вагинално породување. Можно е после тоа половиот орган да не се врати целосно во првобитната состојба, но сигурно ќе биде доста блиску до тоа, освен ако не дојде до епизиотомија, т.е. сечење ткиво, за да се спречи пукање на перинеумот.