ДАЛИ ВИ СЕ ГАДИ ПОСЛЕ СЕКС? ОВИЕ ДВА СИМПТОМИ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ИГНОРИРААТ

Напливот на емоции по сексуалниот однос не е нималку чуден, но некои физички симптоми може да бидат знак дека е време да посетите гинеколог.

Болката или мачнината по сексуалниот однос се многу почести отколку што мислите, а симптомите никогаш не треба да се игнорираат.

„Постои многу загрижувачка и честа заблуда дека мачнината по сексуалниот однос е показател дека штотуку успешно сте зачнале дете. Но, според стручното лекарско мислење тоа не е точно и е физички невозможно. На спермата и се потребни повеќе од пет минути за да се оплоди јајце“, вели познатата британска докторка и основач на „Elite Aesthetics “ д-р Ширин Лахани и додава дека има низа причини кои можат да бидат опасен сигнал за вашето здравје.

Вазовагална синкопа

Една од можностите е вазовагалната синкопа, која може да се појави кога партнерот ќе навлезе многу длабоко во жената и ќе го „удри“ грлото на матката .

„Грлото на матката е преполно со нервни завршетоци. Вазовагалниот одговор се јавува кога вагусниот нерв е стимулиран, што доведува до намалување на отчукувањата на срцето и крвниот притисок . Ова пак може да доведе до гадење “.

Треба да знаете и дека грлото на матката се менува во фазите на менструалниот циклус, што значи дека може да бидете повеќе или помалку чувствителни за време на пенетрацијата. Вазовагалната синкопа е ненадејно, кратко губење на свеста поради хипоксија на мозокот како последица на минливо намален проток на крв во мозокот.



Дехидрација

Дали сте една од оние жени кои често се враќаат дома од работа и сфаќаат дека не сте испиле ниту една голтка вода цел ден? Ова треба да се промени бидејќи дехидрацијата може да предизвика многу здравствени проблеми. Чувството на мачнина по сексуалниот однос е едно од нив.

„ Без разлика дали се работи за дехидрација, нерви или вистинска анксиозност, гадењето после секс може да биде начин на вашето тело да ви каже дека нешто не е во ред “. Следете колку вода пиете и ако се чувствувате вознемирени, постојат програми и техники за управување со стресот што можете да ги испробате.

Ендометриоза

Ако гадењето после секс е придружено со болка, тоа може да биде знак за посериозна состојба како што е инфекција на уринарниот тракт, полицистични јајници или дури и ендометриоза.

Не е невообичаено жените со горенаведените состојби да доживеат болен однос поради други причини, вклучително и инфекции на грлото на матката и фиброиди. Не заборавајте да одите на лекар “.