Нумеролошки магичната низа од броевите 6-6 не очекува на 6 јуни и носи посебна енергија и моќ на манифестирање !
Овој број се јавува како поттик да се посветите на вашите добри цели, па 6 јуни е идеален за зајакнување на семејните, пријателските и љубовните врски , како и за контакти на професионален план. Ќе бидете придружени со љубов , вера и доверба – ќе успеете да разберете што е во вашето срце, но и во срцата на другите луѓе.
Треба да најдете рамнотежа во некои аспекти од вашиот живот. Во моментот кога ќе успеете во тоа, ве очекува природна позитивна енергија.
Еве 3 работи што ви ги носи 6 јуни и серија од 6-6:
1. Сочувство
Овој датум го нагласува сочувството во односите со семејството и саканите. Сè станува многу полесно и поедноставно, силата на ЉУБОВТА е на ваша страна.
2. Хармонија
Бројот 66 е симбол на хармонија дома, на работа и во многу други области од вашиот живот.
3. Безусловна љубов
Ја ширите прекрасната енергија на љубовта околу себе и таа ви се враќа тројно.