Православните верници денеска го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба.
Празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник.
Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца.
Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.
Од старите времиња постои обичај жените да постат пред превезот, па се причестуваат на самиот празник. Според обичајот, жените на овој ден треба да избегнуваат физичка работа, но треба да го поминат денот во мир и молитва . Во минатото овој празник го празнувале најмногу мајките кои се молеле за своите деца и денот го поминувале со своите деца во љубов и убави активности, но се верува дека на овој ден се молат и сите девојки кои сакаат да имаат семејство.
Молитва до Пресвета Богородица:
Богородице Дево, радувај се, Милостива Марија, Господ е со Тебе: благословена си Ти меѓу жените и благословен е Плодот на Твојата утроба, зашто си го родила Спасителот на нашите души.