Овен
Работа: Ништо не треба да ве спречи денеска на вашиот професионален пат, завршете го она што сте го започнале и погрижете се да ги исполните сите рокови.
Љубов: Би било добро да не му дадете шанса на саканата личност денес потенцијалниот сомнеж да го претвори во љубоморна реакција.
Здравје: Можни стомачни проблеми.
Бик
Бизнис: Денеска повеќето Бикови ќе треба да бидат максимално ангажирани, бидејќи покрај сегашните, можно е да никнат и некои дополнителни.
Љубов: Овој ден носи многу позитивни вибрации во кои повеќето Бикови треба максимално да уживаат.
Здравје: Многу добро.
Близнаци
Бизнис: Одредени околности денес би можеле да им помогнат на Близнаците, да ги приспособат на себе и на сопствениот начин на дејствување, особено на полето на комуникацијата.
Љубов: Ова е добар ден да ги покажете своите заводливи квалитети. Бидете весели, шармантни и пред се уживајте
Здравје: Одлично.
Рак
Бизнис: Ова е ден кога би можеле да презентирате некои од вашите идеи за промени, а можете да очекувате да остварите контакт со многу важна личност од странство.
Љубов: Доколку сте желни за промена во љубовта, можеби би можеле да започнете некоја посериозна иницијатива. Вашата сакана личност секако очекува малку повеќе посветеност.
Здравје: Многу добро.
Лав
Бизнис: Можете да рестартирате некои стари соработки, да се поврзете со луѓе со кои порано сте работеле и преку нив да добивате убави нови деловни понуди.
Љубов: Овој петок е добар за дружење со пријателите, па би можеле да поминете убави моменти во некоја забава, заедничко излегување.
Здравје: Пазете се од полесни физички повреди.
Девица
Бизнис: Не обрнувајте внимание на околината и не дозволувајте другите да ви го одредуваат темпото и успешно ќе завршите се што сте планирале за оваа работна недела.
Љубов: Ќе мора да дадете адекватни одговори на некои прашања поставени од другата страна доколку сакате да продолжите добро да функционирате. Биди искрен.
Здравје: Чувствителност на потколеницата.
Вага
Бизнис: На Вагите им претстои солиден ден да ја покажат својата креативност на дело, и мирно да ги завршат сите обврски што ги започнале.
Љубов: Ви претстои убав љубовен ден доколку се вклучите и дадете се од себе за да ја израдувате саканата личност. Додадете малку повеќе страсни елементи.
Здравје: Пазете се од настинки.
Скорпија
Бизнис: Скорпиите денес би можеле да бидат доминантни во бизнисот и лесно да ги завршат сите обврски, кои нема да бидат мали.
Љубов: Сите мали недоразбирања во комуникацијата најдобро ќе се решат со компромисни решенија, колку и да ви е тешко.
Здравје: Можни стомачни проблеми.
Стрелец
Работа: Стрелците би можеле да имаат многу работа. Не преземајте дополнителни обврски додека не се расчистите со претходната.
Љубов: Време е да се справите со конечно разрешување на некои дилеми поврзани со личност од вашето љубовно минато.
Здравје: Спијте доволно.
Јарец
Работа: Многу солиден крај на работната недела ги очекува повеќето Јарци. Доколку останала некоја недовршена документација довршете ја, а можно е да објавите и некои деловни договори со странци.
Љубов: Не дозволувајте обврските да ви ги уништат заедничките планови. Обидете се да ја почитувате другата страна.
Здравје: Зајакнете го имунитетот.
Водолија
Работа: Уште еден многу добар работен ден пред Водолиите, да ги завршите обврските за оваа работна недела со целосна поддршка и доверба од соработниците.
Љубов: Ве очекува пријатно изненадување кое доаѓа од деловното опкружување, односно да добиете можност да комбинирате убаво и корисно.
Здравје: Одлично.
Риба
Бизнис: Иако би можеле да очекувате многу обврски со многу комуникација, се ќе можете да доведете до задоволителен крај.
Љубов: Малку испитајте ги сопствените ставови и желби пред да се одлучите за конкретни чекори во однос на личноста која ве привлекува.
Здравје: Многу добро.