ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 13 ОКТОМВРИ

Овен

Секогаш постои полесен или потежок пат до успехот, внимателно анализирајте ги различните предизвици и можности кои постојат на деловната сцена. Планирајте емотивен состанок, ќе уживате во друштво на блиска личност. Емоционалната афирмација ќе влијае добро на вашето расположение.

Бик

Поттикнете ја вашата креативна љубопитност, но само до тој степен што нема да ви биде проблем да ги постигнете вашите намери. Внимателно изберете ја личноста со која ќе сакате емотивно да се поврзете. Избегнувајте неумереност и разни видови екстремно однесување.

Близнаци

Повеќето настани ги толкувате на свој начин, упорно игнорирајќи ги ситуациите кои не се вклопуваат во вашата деловна проценка. Ако вашиот партнер не ве разбира доволно, тогаш побарајте емотивна поддршка од членовите на семејството. Дајте си оддишка и одморете се, пред сѐ, психички.

Рак

Оставете ги колегите да ги докажат своите способности во ситуациите кои вас ве заморуваат. Нема потреба од мистификација во односот со партнерот, на тој начин секој станува „жртва“ на сопствените заблуди. Бидете свои, само така ќе бидете сакани на вистинскиот начин и од вистинскиот човек.

Лав

Денес прифатете одреден компромис во деловните преговори. Премногу чувствително реагирате на разни ситници, партнерот не забележува работи кои за вас имаат поинакво значење. Разговорот е решение за сѐ. Обидете се да постигнете психолошка рамнотежа.

Девица

Вашите соработници имаат добра деловна стратегија, затоа прифатете нови идеи кои водат до практични резултати. Занемаривте нечии чувства, па затоа гласот на совеста ќе ве потсети да се извините. Важно е да ги усогласите вашите мисли и чувства.



Вага

Секогаш постои полесен и потежок пат до успехот, затоа прифатете корисна идеја предложена од вашите колеги. Кога станува збор за љубовта, ве очекува ново емотивно задоволство кое ќе ја одбележи вашата врска со саканата личност. Ќе бидете во одлична форма и продолжете така.

Скорпија

Влевате голема самодоверба, бидејќи во некои критични ситуации сте способни да ја донесете вистинската одлука. Важно е да ги разберете оние што ги сакате. Потрудете се да постигнете емоционална блискост и да задоволите нечии потреби. Скорпии, вие ќе се чувствувате одлично.

Стрелец

Не ви се допаѓа тоа што страдате поради нечие самоволие и што сте во инфериорна позиција во однос на вашите соработници. Непотребно се оптоварувате со разни теми кои ве оддалечуваат од саканата личност. Бидете умерени во сѐ, сепак здравјето е најважно.

Јарец

Внимателно анализирајте ги вашите соработници и новите настани во деловното работење. Ќе се обидувате да решите емотивна дилема, потпрете се на вашата интуиција. Не е сè како што изгледа на прв поглед. Денес конечно ќе одвоите време за себе – одморете се.

Водолија

Некој ќе се обиде да ви го наметне своето решение за проблемите на работното место. Ќе забележите дека вашата сакана личност нема емоционална храброст или искреност да ги изрази своите намери. Денеска ќе уживате во некоја спортска активност или релаксација.

Риби

Ќе се консултирате со соработниците пред да донесете конечна одлука. Повеќе глави можат да дојдат до подобро решение. Премногу се посветувате на споредните работи во односот со партнерот. Фокусирајте се на она што е важно – љубовта. Договорете средба со пријателите и уживајте во дружба со нив.