Овен
Ова е ден кога ќе мора да преземете одговорност. Дали е ваша или на некој друг – не е важно. Ќе мора да се справите со тоа.
Бик
На овој ден вашите желби за некого ќе бидат закон. Дајте му можност да се грижи за вашето задоволство и радост.
Близнаци
Овој четврток не се расправајте со луѓе за кои мислите дека се под вашето ниво. Не ви требаат повеќе непријатели и не паѓајте на нивното ниво.
Рак
Овој четврток ќе почувствувате вистинска закана од некаква загуба. Ќе промените нешто или едноставно ќе трпите.
Лав
На овој ден вашите желби за некого ќе бидат закон. Ова не може да трае вечно и ќе мора да влезете во улогата на другиот.
Девица
Во текот на овој ден обидете се да се одморите. Активностите нема да доведат до посакуваните резултати. Ви треба мир и тишина.
Вага
Овој четврток погрижете се за вашата физичка и психичка сила. Не влегувајте во расправии, не преземајте дополнителна работа. Поштедете се.
Скорпија
Денеска и да имате желба да бидете активни, нема да можете да го исполните она што сте го зацртале. Ова е ден кога енергијата нема да ви биде доволна.
Стрелец
Не си поставувајте високи цели овој ден. Тешко дека ќе успеете да ги исполните. Одложувајте ги преговорите, не извршувајте финансиски операции.
Јарец
Ова не е добар ден за промени. Немојте да се потстрижувате и промените во изгледот. Најважно е да не бидете премногу критични кон себе.
Водолија
Овој ден ќе сретнете несомнен сојузник. Има повеќе луѓе на кои им се допаѓате отколку што си мислите. Само треба да верувате во тоа.
Риби
На овој ден запомнете колку сте вредни сами. Ако се чувствувате тажни, само јавете се на пријател.