ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 15 АВГУСТ

Овен
Можеби се чувствувате како да плаќате превисока цена за вашата среќа. Добро размислете дали е така и дали нема да зажалите за пропуштениот момент.

Бик
Некој ќе се обиде да ве измами, но тоа ќе биде направено на многу убав начин. Бидете сомничави кон секој „додворувач“.

Близнаци
Денот ветува максимална активност. Сигурно ќе ги надминете сите предизвици доколку не се двоумите да започнете.

Рак
Ова е ден за долго патување и одмор од реалноста. Обидете се да оставите каква било рутина зад себе и да мислите само на непознатото.

Лав
Денеска ќе откриете нови светови. Не двоумете се да ги направите соодветните жртви за да им се посветите.

Девица
Ова е ден кога треба да се обидете да ја уловите среќната минута. Сигурно ќе треба да вложите многу труд, но ќе вреди.

Вага
Ова е ден кога треба да заборавите на обврските и да се препуштите на задоволствата и забавата. Не се прашувајте дали воопшто го заслужувате тоа.

Скорпија
Ова е ден за авантури. Потребни ви се нови авантури, но не заборавајте на безбедноста за да не ја расипете забавата.

Стрелец
Направете листа на вашите омилени активности и правете ги една по една. Ако ги измешате работите, можете да го намалите уживањето.

Јарец
Ова е ден за профит. Што и да е, ќе го преврти вашиот светоглед, а токму тоа ви треба во моментов. Земете го подарокот и одете напред!

Водолија
Ова е ден за физичка активност. Почнете, но постепено. Грижете се за вашето здравје, но не се разгалувајте.

Риби
Постои ризик да западнете во меланхолија. Не пропуштајте го моментот да се зафатите со сосема нова активност, за да не паднете во замката на тагата.