ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 15 ЈУЛИ

ОВЕН

Не ви е лесно целосно да се фокусирате на работата бидејќи сте оптоварени со проблеми на приватно поле. Саканата личност покажува дека не е сигурна во вашите мотиви да бидете во врска со нив. Ве очекува период на турбуленции. Зголемете го внесот на вода.

БИК

Одлуките што ќе ги донесете сега ќе ви бидат многу важни во иднина. Посветете се на себе и на својата кариера. Доколку сте загрижени за врската што ја имате со саканата личност, денес би можеле да најдете решение. Мали проблеми со притисокот.

БЛИЗНАЦИТЕ

Во текот на денешниот ден ќе успеете да направите се што сте планирале без многу стрес и труд. Поради честите несогласувања со личноста за која се грижите, може да бидете напнати. Проблеми поради намален имунитет.

РАК

Денес ќе имате повеќе среќа од вообичаено. Имате можност да решите се што ве загрижува на ова поле. Вашите очекувања на љубовно поле може да бидат преголеми. Склони сте да претерувате. Немате здравствени проблеми.

ЛАВ

Подгответе се за промените кои ве следат на полето на работата. Многу е важно да се поставите на вистински начин. Расправиите со саканата личност некако би можеле да ве доведат до состојба на хронична нервоза. Градите ви се доста чувствителни.

ДЕВИЦА

Многу работи не одат онака како што сте замислиле, па може да бидете склони кон фрустрации на работа. Денес ќе имате можност да запознаете личност која ќе ви стане важна. Вашите синуси се чувствителни.

ВАГА

Пред вас е добар период за работа. Може да очекувате дека ќе можете да воспоставите добар однос со колегите. Подготвени сте да донесете важни љубовни одлуки со кои ќе бидете задоволни долгорочно во иднина. Проблеми со тироидната жлезда.

СКОРПИЈА

Денес е неповолен ден за вас, во кој би можеле да имате многу фрустрации на работа. Неопходно е да се посветите на донесување нови одлуки кога е во прашање вашата врска со саканата личност. Можен е низок притисок.

СТРЕЛЕЦ

Загрижени сте за вашата работа, со добра причина. Ви претстои период во кој ќе имате некои проблеми на ова поле. Можно е да имате тенденција да создавате проблеми со саканата личност поради мали работи. Можна е несоница.

ЈАРЕЦ

Нема да бидете претерано задоволни од околностите на работното поле. Можно е да фантазирате за промена на ова поле. Доколку денес имате можност да остварите ново романтично познанство, треба да го искористите тоа. Вашиот нервен систем е чувствителен.

ВОДОЛИЈА

Ве очекуваат помали недоразбирања во односот со колегите. Пред вас е комплициран ден за деловно поле. Нема нови случувања кога е во прашање вашето љубовно поле. Засега состојбата ви е монотона. Грбот ви е чувствителен.

РИБА

Очекувате премногу од работа на која не сте вложиле доволно време. Преиспитајте ги вашите мотиви и напори на ова поле. Чувствувате дека постои одреден степен на неискреност од страна на партнерот кон вас и тоа многу ве загрижува. Избегнувајте алкохол.