Овен
На емотивно поле, ќе продолжите да излегувате и да ја развивате својата врска на паметен начин. Некои тукушто ја започнале, па нека одат полека. На професионално поле, можеби ќе имате малку повеќе среќа од другите, бидејќи на работното место сега ви помагаат. Но, и тоа ќе помине.
Бик
Денес може да чувствувате голем притисок. Личностите со кои доаѓате во контакт се прилично напорни и ја црпат вашата енергија. Сепак ќе се обидувате да издржите. Свесни сте дека можеби во овој период премногу сте љубоморни, но не можете да се воздржите.
Близнаци
На професионално поле, напорната работа и трудот кој сте го вложиле во работата, конечно, ви се исплати. Пред вас е поволен период. На емотивно поле, саканата личност би требала да менува работи кои ги прави погрешно, затоа што тоа вие нема да го толерирате.
Рак
Не сте сигурни на кој начин да ги разберете информациите кои доаѓаат до вас. Можни се недоразбирања, но и проблеми со важни документи поврзани со битен проект. Во љубовните односи ќе имате интензивни контакти со саканата личност. На слободните им претстојат нови познанства.
Лав
На емотивно поле, немојте да се споредувате со другите, зашто нема добро да се чувствувате. Бидете мирни и трпеливи и уживајте во она што го имате. На професионално поле, имате одлични идеи како да ја унапредите дејноста во која работите. Ќе размислувате за тоа. Верувајте во подобро утре.
Девица
На професионално поле, очекувајте дека ќе добиете понуда за работа. Пред вас е период во кој ќе се нижат успеси – или унапредување или зголемување на платата. На емотивно поле, ве очекува средба со личност со која сте се запознале одамна, но сега помеѓу вас ќе се разгори љубовна искра.
Вага
Можно е денешните обврски да не можат сами да се завршат, па не двоумете се да контактирате некој од вашите колеги или во краен случај некој од вашите претпоставени, за да дојдете до крајот.
Скорпија
Ќе ве окупираат љубовни сеќавања или ќе ве допре една личност од вашето емотивно минато. На работа, ќе се појават мали несогласувања помеѓу колегите, а вие ќе бидете третата страна која ќе се обидува да ги усогласи. Ќе се најдете во малку неблагодарна и непријатна ситуација.
Стрелец
На професионално поле, наклонети сте кон правење грешки во работата и не ви е лесно да ги остварите своите цели. На емотивно поле, нагло се менува односот меѓу вас и саканата личност. Пред вас е период во кој ќе имате многу преиспитувања.
Јарец
Многу добар ден е пред вас. Луѓето ќе бидат подготвени да се сретнат со вас, ќе имате поддршка и голема помош. Време е да ги прашате претпоставените за услуга или да направите сериозен разговор со нив. Се грижите, затоа што немате доволно време да му се посветите семејството.
Водолија
Како што ќе минува денот, ќе имате се поголема потреба да се повлечете од другите и да се вовлечете во четирите ѕида на домот. На професионално поле, ќе побарате одмор или барем неколку слободни денови. Чувствувате некој немир и презаситеност од сè.
Риби
Иако на повидок е можност за напредок, може да ја пропуштите поради недостаток на самодоверба која ве следи од некоја причина. На емотивно поле, саканата личност ќе ви покаже дека е подготвена да направи сериозен чекор со вас.