Овен
Оваа среда бидете реални. Ако имате некои грижи, само споделете ги и признајте дека двоумењето е вашата карактерна особина. Ќе го направите вистинскиот избор.
Бик
На овој ден не форсирајте настани доколку не се развиваат онака како што сакате. На тој начин само ќе ја изгубите вредната моќ. За се има време и ќе знаете кога е.
Близнаци
Што и да правите денес, направете го сами. Вашите планови ќе се разликуваат од оние на вашите колеги или партнери и ќе бидете соло играч.
Рак
Во текот на овој ден вашите желби ќе бидат повеќе, но во реалноста не ви се потребни сите. Размислете за што би се задоволиле во оваа фаза. Ќе се чувствувате многу посреќни.
Лав
Овој ден ве очекува пречка која само ќе ви го зајакне нагонот за успех. Останете фокусирани и запомнете ги вашите постапки за да го запомните доброто искуство.
Девица
Оваа среда ќе добиете многу повеќе отколку што очекувавте и ќе биде заслужено. Не се прашувајте кога и со што оставивте впечаток, само продолжете.
Вага
Денеска ќе ви се случи нешто што очекувавте да се случи во друга фаза. Ќе бидете доволно подготвени затоа не грижете се.
Скорпија
Ова е ден за толеранција, особено со оние чие мислење и став не го разбирате. Еден ден и вие може да се најдете во нивната кожа. Ова е ден на разбирање.
Стрелец
Смело гледајте напред денес. И самите ќе почувствувате неверојатен нагон и нема да жалите за минатото. Останете самоуверени!
Јарец
На овој ден обидете се да ги постигнете посакуваните цели со добро. Напаѓањето нема да ви помогне – само ќе го оттргне од вас она што толку силно го посакувате.
Водолија
Овој ден ќе добиете важна помош. Можеби ќе се најдете во тешка ситуација, но крајниот исход ќе биде позитивен.
Риби
Дајте си повеќе слобода денес. Чувајте ги силите и нервите. Вашиот мир е најважен. Навечер разгалете се и почестете се.

