Овен
Пречувствителни сте во разните видови на комуникација, затоа пожелно е да престанете и да станете посилни. Верувајте во себе. Може не е поволен период за некои одлуки и комуникација со луѓе кои упорно ве напаѓаат. Ве очекува интересна средба, која ќе ви донесе многу радост. Бидете трпеливи и сѐ ќе дојде на свое место. Не избрзувајте со потезите!
Бик
Насочете се кон она на што можете да влијаете. Ве очекува убава работа, особено кога ќе го земете предвид големото унапредување што ве очекува. Успехот ќе донесе и голема финансиска добивка. Постојано размислувате за љубовта, и покрај тоа што на тоа поле не сте баш силни, насочете се кон попаметни работи, од кои ќе имате конкретна корист.
Близнаци
Секогаш се случуваат непланирани работи, можни се бранови на блага нервоза, која само би долеала масло на огнот. Потрудете се на мирен начин да ги решите проблемите. Бидете трпеливи, не избрзувајте. Со некој што живее во друга земја, конечно ќе воспоставите контакт. Доколку истата личност не ви се јави, направете го тоа вие.
Рак
Пред вас е возбудлив ден во кој се трудите да функционирате повеќе со емоции отколку со разумот. Одлуките нема да бидат правилни, затоа стрпете се извесно време. Потребно е многу мудрост и здрав разум за да ги совладате стапиците и да ги преземете работите во свои раце. Со партнерот сте во релативно добри односи.
Лав
Пречувствителноста и лошото здравје полесно ќе ги пребродат женските претставници на овој знак. Мажите и покрај тоа што се нарекуваат посилен пол, тоа се само на прв поглед. Ја работите својата работа и си го гледате својот живот. Ќе имате проблеми доколку партнерот на вашите страсти не возврати со иста мера.
Девица
Ако колегите сакаат да ве испровоцираат, немојте да им го препуштите тоа задоволство. Не спуштајте се на пониско ниво, подоцна тешко ќе можете да се вратите на сегашната позиција. Треба да си ја гледате својата работа, потрудете се да го ублажите налетот на нервоза. Без оглед на тоа што некои работи се одвиваат бавно, задоволни сте.
Вага
Нервозата е неминовна, затоа одлучете се за подобра варијанта. Партнерот ве поддржува, направете го и вие истото. Системот на вредности е поместен, лесно може да наседнете на провокации. Ако ја сфатите суштината, ќе имате шанса да уживате. Ако себеси почнете да си замислувате неостварливи идеи, нема далеку да стасате.
Скорпија
На моменти заглавувате и не можете да се снајдете. Свесни сте дека проблемите што ги имате сега се од долготрајна природа, и на нив не можете да влијаете. Потрудете се нечиј совет да го прочитате помеѓу редови. Најважно од сѐ е да се смирите и да се слушате себеси. Внимавајте на имунитетот!
Стрелец
Партнерските препукувања се во комбинација со нова љубов. Што ви се случува? Очигледно и самите не знаете зошто сте хистерични и покрај тоа што лошо ви влијае на здравјето. Во ваква состојба не сте во можност ништо да решите, може само да си направите лошо. Партнерот се оддалечува од вас, потрудете се повторно да го придобиете.
Јарец
Одлично функционирате на сите полиња. Прекрасно се чувствувате. Задоволни сте со соработката и друштвените контакти. Мирољубиво сте настроени, затоа и ќе профитирате. Таквата состојба потрудете се да ја пренесете на околината, на која ѝ е потребна вашата поддршка, помош и совет.
Водолија
Колку е потежок проблемот, толку е поголема шансата да го решите. Преку работата заборавате на проблемите. Ги оптоварувате пријателите, па тие се обидуваат да побегнат од вас! Благ бран на нервоза ќе биде во старт изгаснат. Најсреќните припадници на знакот се смируваат во прегратката на партнерот.
Риби
Моќта на имагинацијата е зголемена, па со нејзина помош потрудете се да дојдете до одговор кој ви е мошне потребен. Одделувањето од реалноста само ве кочи, потрудете се да најдете адекватни личности што ќе ве поддржуваат. Во конкретниот случај, насочете се на практични работи и кон сѐ што носи видливи резултати.