Овен
Ова е ден за паметење на убавите работи што се случиле во изминатата година. Ветете си себеси дека следната година ќе има уште повеќе убавини.
Бик
На овој ден размислете што сте им подариле на другите во текот на годината и размислете што друго би можеле да дадете. Повикајте ги сите луѓе што ги сакате.
Близнаци
На овој ден не двоумете се да им упатите најубави желби на луѓето што ги сакате. Не штедете зборови и прегратки.
Рак
На овој ден бидете дарежливи во зборови, подароци и ветувања. Добиваме онолку колку што даваме, затоа не двоумете се да дадете повеќе.
Лав
Ова е ден за да бидете љубезни кон себе и со вашите најблиски. Заборавете на конкуренцијата, отстапете место на простувањето и благословот.
Девица
На овој ден гледајте на работите со леснотија и љубезност. Барајте ја светлината и патот напред. Сигурно ќе ги најдете.
Вага
Ова е ден кога не треба да ја штедите убавината во вас и околу вас. Секоја ваша постапка или збор нека придонесе за празничната атмосфера.
Скорпија
Ова е ден кога ќе добиете многу подароци и од срце. Направете го истото за вашите најблиски и подарете го вашиот најскапоцен подарок – вашата љубов.
Стрелец
Ова е ден кога можете да ги израдувате сите околу вас. Вие сте личност од исклучително значење за вашето семејство – покажете дека тие се исто толку вредни за вас.
Јарец
Ова е ден кога веруваме во магија. Сега е време да седнете и да ги видите како се остваруваат вашите желби една по една.
Водолија
Ова е ден кога треба да се обидете да бидете поинакви. Со повеќе вера, без предрасуди – во вашата најчиста форма. Ќе се справите одлично!
Риби
Ова е ден за релаксација и уживање во мирот и тишината. Завиткајте ја вашата љубов околу вашите најблиски.