ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 25 ЈУЛИ

Овен
Овој понеделник немајте непотребни илузии. Ризикувате да паднете во заробеништво на недостижни соништа и потоа да се разочарате.

Бик
На овој ден не се замарајте за нешто што не зависи од вас и не можете да го промените.

Близнаци
Ова е ден за опуштање и размислување за… ништо. Или барем обидете се да не размислувате за проблемите и работата.

Рак
Ова е ден кога ќе можете да се докажете во вашата улога на верен пријател. Кажете ги најдобрите совети научени од вашето искуство.

Лав
На овој ден не трошете го времето во бесмислени работи. Оставете ги ситниците зад себе и посветете се на остварување на големите цели.

Девица
На овој ден уметноста ќе ви помогне да се издигнете погоре. Добро запомнете ги чекорите што ве доведоа овде, тие веројатно ќе ви помогнат во иднина.

Вага
На овој ден не се обидувајте да се докажувате по секоја цена. Кој има очи ќе види што и како сте постигнале и ќе го цени тоа.

Скорпија
Ова е ден кога нема да можете да влијаете на настаните. Само почекајте да помине денот со ваша минимална вклученост во настаните.

Стрелец
Денот ќе ви понуди комплицирана ситуација која треба да ја решите. Бидете љубезни кон себе и не барајте најкомплицирано решение.

Јарец
Овој понеделник не мирувајте. Движењето ќе ви го расчисти умот и ќе ви помогне да дојдете до некои брилијантни идеи.

Водолија
Овој понеделник заштедете ги силите и нервите. Веќе напладне може да почувствувате дека товарот е преголем за вас.

Риби
Ова е ден за слушање на срцето. Ќе имате желба за работа. Можно е да се создаде ремек-дело.